Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 30 септември 2026, 16:36 ч.
Вековен јубилеј исполнет со многу мудрост, историја и топли муабети. Дедо Георге (Гоне) Појразов од струмичкото село Радово го прослави својот 100-ти роденден, опкружен со љубов и почит од своите најблиски, како еден од највозрасните и најценети жители во Општина Босилово, вели градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев.
За дедо Гоне има безброј приказни за раскажување. Секоја негова зборка носи животно искуство и срдечност која го стоплува секој што ќе седне да поразговара со него.
Повод за ваков голем и редок роденден бараше и посебно изненадување. За славеникот да го започне новото столетие со насмевка, струмичката слаткарница „Канела“ создаде уникатна торта – вистинско слатко уметничко дело.
На тортата беше рачно изработена шеќерна фигура од дедо Гоне во неговиот автентичен дух: со омиленото столче, бастунчето, очилата, чашка во раката и препознатливата насмевка. Во центарот на тортата стоеше и најубавата порака: „100 години и уште не се предава!“.
Му посакуваме на дедо Гоне уште многу години добро здравје, ведрина и уште многу раскажани приказни!
Фотографии: Фејсбук
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025