Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 21 јуни 2026, 09:45 ч.
На северната хемисфера денеска и официјално пристигнува летото. Првиот ден од најтоплото годишно време ќе биде воедно и најдолгиот ден во годината, со времетраење од 15 часа и 14 минути. Најновото годишно време ќе биде со нас сè до почетокот на есента, која календарски настапува на 23 септември.
Синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека денешниот ден ќе биде претежно сончев и топол, со повремена мала облачност. Сепак, во попладневните часови, главно во северозападните краишта на земјава, можна е локална нестабилност која со себе ќе донесе краткотраен дожд, грмежи и ретка појава на град.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува во западните региони. Највисоките дневни температури ќе се движат во опсег од 25 до 37 Целзиусови степени.
Во главниот град се очекува слично време – сончево и топло со умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура во Скопје ќе достигне до 36 степени.
Слично време нè очекува и утре. Претпладнето ќе биде сончево, додека во попладневните часови следува дестабилизација на атмосферата проследена со врнежи од дожд, грмежи, засилен северен ветер и локална појава на град. Максималната температура утре повторно ќе достигне до 37 степени.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025