Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 5 октомври 2026, 12:43 ч.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука за ново намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Во просек, цените се намалуваат за 1,85 отсто во однос на претходната одлука.
Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло, кои од 6 октомври ќе бидат поевтини за 3 денари по литар. Бензините ќе поевтинат за 1,50 денар по литар.
Од вечерва на полноќ максималните цени ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС-95: 98,50 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС-98: 100,50 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС: 97 денари за литар
Екстра лесно масло за домаќинство: 108,50 денари за литар
Мазут М-1 НС: 49,597 денари за килограм
При пресметката, РКЕ ги земала предвид движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, бензините поевтиниле за 2,885 отсто, дизелот за 4,770 отсто, екстра лесното масло за 4,384 отсто, а мазутот за 1,807 отсто.
Во новата одлука е применет и намалениот ДДВ за ЕУРОДИЗЕЛ од 10 отсто, како и намалениот износ на акцизата од 4 денари по литар за бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 и за ЕУРОДИЗЕЛ.
РКЕ посочува дека станува збор за максимални малопродажни цени. Трговците на големо и мало можат да ги продаваат одделните нафтени деривати и горива за транспорт и по пониски цени од утврдените максимални.
Редакција
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025