Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 18 мај 2026, 16:30 ч.
Под површината на Охридското Езеро викендов се водеше вистинска битка за зачувување на едно од најголемите природни богатства на Балканот. Од водите кај Автокамп Градиште, десетици нуркачи од четири земји заеднички испратија моќна порака дека природата нема граници, а грижата за неа е заедничка одговорност.
Во организација на Нуркачкиот Центар Амфора, дури 80 искусни нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина се спуштија во длабочините на езерото, каде наместо подводни убавини ги дочекаа отпад и човечка негрижа. Во текот на акцијата беа извлечени големи количества отпад од езерското дно, со што уште еднаш беше алармирано за потребата од поголема еколошка свест и посериозна заштита на Охридското Езеро.
Акцијата, освен еколошки, имаше и силен регионален карактер. Нуркачките тимови покажаа дека соработката меѓу земјите може да биде пример како заеднички се штитат природните вредности што му припаѓаат на целиот регион.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025