Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 11 јули 2026, 11:19 ч.
Голем арсенал на неексплодирани средства кои датираат од Првата светска војна бил откриен и безбедно отстранет во Битола, соопштија од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола.
Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен на 08.07.2026 година во 10:38 часот, кога пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Битола известил дека на локацијата викана Тумбе кафе, на просторот на поранешната касарна, е пронајдено огромно количество муниција.
Станува збор за вкупно 1.443 парчиња експлозивни направи, и тоа:
540 минофрлачки гранати
371 рачна бомба
532 тромблонски гранати
Од полицијата информираат дека сите пронајдени експлозивни средства се од периодот на Првата светска војна. Благодарение на брзата и стручна интервенција на пиротехничарот од Дирекцијата за заштита и спасување, целиот арсенал е безбедно подигнат и отстранет од местото, со што е елиминирана потенцијалната опасност за граѓаните.
Битола и нејзината околина, како дел од некогашниот Македонски фронт, и по повеќе од еден век сè уште кријат големи количини неексплодирани убоити средства, кои најчесто се појавуваат при градежни работи или земјоделски активности.
СВР Битола апелира до граѓаните, доколку забележат сомнителни предмети кои наликуваат на експлозивни направи, веднаш да ги известат надлежните служби и воопшто да не ги допираат.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025