Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Голема полициска акција во Прилеп: Разбиена нарко мрежа која оперирала во повеќе градови

Објавено: 1 октомври 2026, 19:56 ч.

Голема полициска акција во Прилеп: Разбиена нарко мрежа која оперирала во повеќе градови

Сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и економски криминал, поднесена кривична пријава против 21 лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 30.09.2026 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Управата за финансиско разузнавање и Одделот за специјални полициски операции, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 21-члена организирана криминална група, составена од 20 лица од Прилеп и едно лице од Скопје, кои подолг временски период вршеле кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и економски криминал.

Постапувајќи по судски наредби, извршени се претреси кај 31 лице, на вкупно 36 локации, од кои 33 на подрачје на Прилеп, две на подрачје на Скопје и една на подрачје на Струга. Притоа, од слобода се лишени 20 лица, а при извршените претреси се пронајдени и одземени тревкаста материја, бела прашкаста материја, грутчеста материја, гасен пиштол, муниција од различен калибар, поголема сума на девизни и денарски парични средства, патнички возила, мотоцикли, мобилни телефони, метална дробилка, метален детектор, ваги и др..

Единицата за насилен криминал, крвни деликти и недозволена трговија со оружје и опасни материи при ОСОСК по спроведените претреси и пронајдени предмети, како и врз основа на претходно обезбедени материјални докази, на 30.09.2026 година до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против вкупно 21 лице, од кои против 20 лица од Прилеп и тоа, Н.В. (38), М.И. (35), Б.И. (62) и М.С. (29) за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ (член 215 ст.3) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (член 273) од КЗ, против М.С. (27), Д.К. (40), В.С. (40), А.Д. (29), Д.Ј. (35), Х.С. (28), Д.С. (19), Ф.З. (22), А.З. (25), В.Н. (22), А.М. (23), А.И. (20), В.А. (24), Д.Ѓ.(43), Р.С. (45) и Ј.Н. (44) за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ (член 215 ст.3) од КЗ, како и против лицето Т.Д. (75) од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (член 273) од КЗ.

Во периодот од февруари 2026 до октомври 2026 година, Н.В. и М.С. создале организирана криминална група, со цел вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје, како и економски криминал, во која членувале Д.К., В.С., А.Д., Д.Ј., Х.С., Д.С., Ф.З., А.З., В.Н., А.М., А.И., В.А., Д.Ѓ., М.И., Б.И., М.С., Р.С., Т.Д. и Ј.Н.. Дрогата (кокаин и марихуана) Н.В. ја купувал од НН лица по потекло од Албанија, Струга и Дебар и ја држел на безбедни локации во Скопје и Прилеп, по што ги организирал како мрежа на препродавачи Д.К., А.Д., Д.Ј., В.С., Д.С., А.З., А.М., А.И., В.А., Р.С. и Ј.Н., кои ја продавале дрогата, воспоставувајќи контакти со заинтересирани купувачи од Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино, Велес и Скопје, со кои откако ќе се договореле за видот, количината и цената, го известувале Н.В., кој им ја давал потребната количина. Дрогата ја продавале за сума од 500 до 800 денари за грам марихуана и од 4.000 до 6.000 денари за грам кокаин, а парите од продажбата му ги давале на Н.В., кој како награда им давал дел од парите, кои подоцна ги употребувале за купување на движен и недвижен имот.

М.С. ја купувал дрогата (кокаин и марихуана) од НН лица по потекло од Дебар и Гостивар и ја држел на безбедни локации во Прилеп, по што како мрежа на препродавачи ги организирал Д.К., Ф.З., Х.С., В.Н., А.М. и А.И., кои ја продавале дрогата, воспоставувајќи контакти со заинтересирани купувачи од Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино и Велес, со кои откако ќе се договореле за видот, количината и цената, го известувале М.С. кој им ја давал потребната количина. Дрогата ја продавале за сума од 500 до 800 денари за грам марихуана и од 4.000 до 6.000 денари за грам кокаин, а парите од продажбата му ги давале на М.С.., кој како награда им давал дел од парите, кои подоцна ги употребувале за купување на движен и недвижен имот.

Во временскиот период од 2025 до 2026 година Н.В., М.И., Б.И. (се наоѓа во притвор во Франција за кривично дело од чл.215 од КЗ), М.С. и Т.Д. прибавените парични средства за кои знаеле дека потекнуваат од извршување на кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, со намера да го прикријат понатамошното движење и локација на парите, истите ги внесувале во легалниот платен промет, откако претходно ќе ги примиле понатаму ги пуштале во оптек и тоа парични средства во вкупен износ од 4.990.270 денари и 64.670 евра, стои во информацијата која ја објави МВР.

Фотографии: Министерство за внатрешни работи

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми