Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Грците точат гориво во Битола и ја зголемуваат потрошувачката на гориво - слично е и во другите погранични градови

Објавено: 2 октомври 2026, 11:01 ч.

Грците точат гориво во Битола и ја зголемуваат потрошувачката на гориво - слично е и во другите погранични градови

Значителната разлика во цените на нафтените деривати меѓу Македонија и Грција ги претвори пограничните градови во омилена дестинација за грчките возачи.

Според локалните оператори на бензинските станици, интересот е континуиран, а најголем прилив се забележува за време на викендите и попладневните часови. Грчките граѓани од Лерин (Флорина) и околните места ја користат секоја можност да ја минат границата, со оглед на тоа што цените на горивата кај нас се забележливо пониски од оние во Грција, каде што високите акцизи и даноци драстично ја покачуваат финалната цена.

„Разликата во цената за еден полн резервоар е повеќе од заштеда – тоа е сериозна заштеда за куќниот буџет. Покрај гориво, пазаруваме и во локалните маркети и користиме угостителски услуги,“ изјавува еден од редовните посетители од Лерин во Битола.

Слична е сликата и во останатите погранични региони, каде странските државјани доајѓаат за да наточат гориво по цени пониски од оние кои ги имаат во своите земји.

Потрошувачката на нафтени деривати во Македонија е зголемена, а според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, значаен дел од зголемената потрошувачка е поврзан со возачи од соседните земји кои доаѓаат во Македонија да точат гориво.

Ристов во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ рече дека РКЕ не располага со прецизна можност да ја раздвојува домашната од „извезената“ потрошувачка, но податоците покажуваат значителен раст на потрошувачката во изминатиот период, објави 4news.mk.

„Не можеме да направиме раздвојување што значи домашна потрошувачка и да кажеме – ова е извезена потрошувачка. Меѓутоа, имаме параметри дека многу е зголемена потрошувачката на гориво“, рече Ристов.

„Не е тоа последица на домашното трошење, туку баш она на пограничното трошење“, изјави Ристов во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, додавајќи дека во текот на летната сезона дополнителен фактор бил и транзитот на патници низ земјава.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми