Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 6 август 2026, 13:00 ч.
Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп комплетно ја исчистија и санираа големата дива депонија што несовесни граѓани ја создадоа во дворот на објектот стара „Сушара“.
За многу кратко време, целата површина на оваа парцела била затрупана со огромни количини градежен шут, мешан комунален отпад, како и габаритен отпад. Од комуналното претпријатие истакнуваат дека и покрај постојаните заложби, вонредните акции за чистење, како и континуираните апели за едукација на населението, повторно се соочуваат со налет на неконтролирано и неодговорно фрлање отпад.
По спроведената акција, просторот кај старата Сушара е целосно исчистен и доведен во ред.
Од ЈКП „Комуналец“ апелираат до сите жители да покажат повисока сообраќајна и животна култура, лична одговорност и вистинска заложба за зачувување на чист и уреден Прилеп, наместо повторно да ја загадуваат истата локација.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025