Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 1 септември 2026, 14:11 ч.
По 72 часа непрекината активност на терен и три непроспиени ноќи на линијата на огнот, битката за Пелистер е официјално добиена, соопшти предмалку директорот на Националниот парк „Пелистер“, Иванчо Тошевски.
Стануваше збор за еден од најкомплексните пожари оваа сезона на територијата на Македонија. Огнот зафати шума во која доминираат црн и бел бор, што бараше исклучително комплицирана и ризична акција за гаснење на отворен простор.
И покрај изразено неповолните временски услови, акцијата заврши успешно благодарение на беспрекорната координација меѓу сите институции и служби на теренот.
Владееше вистински потфат на заедништво каде што рамо до рамо дејствуваа eдиниците на НП Пелистер, противпожарните единици ТППЕ Битола и ТППЕ Ресен, механизацијата од јавните претпријатија на Општина Битола и ЈП „Стрежево“, противпожарните сили на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), доброволните противпожарни друштва ДПД „Архангел“ и ДПД „Кочани“, хеликоптерите од Воздухопловниот ВИНГ на АРМ и „Ер тракторите“ на ДЗС, како и бројни приватни стопанственици и доброволци.
Сите тимови беа континуирано присутни на терен без ниту една пауза, а голем дел од учесниците останаа будни и повеќе од 48 часа, вели Тошевски.
Тој истакна дека поддршката за координирање на овие обемни ресурси била обезбедена преку директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„Да се координираат сите овие сили на релативно мал и непристапен терен — каде што паралелно дејствуваат единици на линијата на огнот, тешка механизација и воздухоплови од воздух — претставуваше исклучително сериозен предизвик“, порача Тошевски.
Од Националниот парк упатија неизмерна благодарност до сите поединци, институции и доброволци од сите краишта на Македонија кои несебично се вложија и дадоа свој придонес во спасувањето на Пелистер.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025