Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 17 септември 2026, 13:51 ч.
Извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп ги поканува сите заинтересирани граѓани и млади на Отворен ден, кој ќе се одржи оваа сабота (19 септември 2026 година), со почеток во 12:00 часот, на локацијата кај Саат-кулата.
Настанот е замислен како интерактивна можност за посетителите од сите возрасти да се запознаат со извидничкиот вештини и да се испробаат во повеќе практични активности на отворено.
Програма и активности:
Стреличарство и игри за прецизност: Можност за тестирање на фокусот и вештините.
Практични извиднички вештини: Натпревар во врзување јазли и брзо поставување шатор.
Опрема за природа: Презентација на опремата потребна за безбеден престој во природа.
Запознавање со одредот: Посетителите ќе можат одблизу да научат како функционираат извидниците и како да станат дел од нивните идни авантури.
За сите што сакаат да се приклучат или да дознаат повеќе детали за работата на одредот, информациите се достапни на нивната официјална веб-страница: www.izvidniciprilep.org/prikluchi-se.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025