Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 10 август 2026, 22:58 ч.
Македонски експерти во Италија учеа за заштита на евроазискиот рис и борба против криминалот врз дивиот свет
Претставници на Македонското еколошко друштво (МЕД), заедно со делегации од министерствата за внатрешни работи и за животна средина, како и обвинителства и експерти од Македонија, Албанија и Косово, на крајот на јули престојуваа во студиска посета во Тарвизио, Италија. Целта на посетата беше размена на искуства и запознавање со италијанските практики за заштита на евроазискиот рис и справување со илегалните активности насочени кон дивиот свет.
Главниот фокус на активностите беше ставен врз научните пристапи и мерките од проектот LIFE Lynx, кои помогнаа во спречувањето на исчезнувањето на динарско-југоисточната алпска популација на рисот. Балканските делегации се запознаа со методите за следење на генетската и демографската состојба на овој загрозен вид, како и со процесот на подготовка и ослободување на рисови во нивните природни живеалишта.
Во рамки на посетата, посебен акцент беше ставен на искуствата на италијанските карабинери во борбата против криминалот врз дивиот свет. Преку теренски демонстрации беа прикажани методите за спречување на бракониерието, откривањето отровни мамки и работата на специјализираните кучешки единици. Учесниците ја посетија и едукативната патека Lynx Trail, наменета за подигнување на јавната свест за биологијата и заштитата на рисот.
Меѓународната студиска посета беше организирана во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис (Balkan Lynx Recovery Programme), а беше кофинансирана преку европските проекти LIFE FIGHT4WILDLIFE и LIFE Balkan GriffON.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025