Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 23 октомври 2026, 22:52 ч.
Планината не простува неподготвеност, но затоа учи на животни лекции кои никогаш не се забораваат. Тому училница на отворено беше Пелистер за учесниците од програмата Leaders in Training (LiT) во организација на YMCA.mk, кои изминатиот викенд ја заменија училницата со густите шуми и карпестите предели на Националниот парк Пелистер.
Втората средба од оваа лидерска академија помина во духот на вистинска авантура. Најголемото искушение несомнено беше искачувањето по познатата Виа Ферата, каде што секој чекор бараше концентрација, но наградата беше неверојатниот поглед и чувството на лична победа.
Покрај адреналинскиот дел, младите лидери поминаа и низ практична обука за преживување во дивина. Внимателно слушаа и учеа како да се движат безбедно, како да се снаоѓаат во непредвидени временски услови и, пред сè, како одговорно да се однесуваат кон природата за зад себе да не остават никаков траг.
Од YMCA истакнуваат дека вистинското лидерство не се учи само од книги. Тоа се гради тогаш кога му помагаш на колегата да направи уште еден чекор на карпата или кога заедно донесувате одлука во непознат терен. Пелистер за момент стана нивниот најголем учител, а младите учесници се вратија дома побогати за нови вештини, подлабоки пријателства и искуство кое ќе ги следи низ сите идни животни предизвици.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025