Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 23 јули 2026, 18:25 ч.
При редовна контрола на квалитетот и безбедноста на водата за пиење во градскиот водовод на Крушево, од страна на ЈЗУ ЦЈЗ-Прилеп е констатирано отсуство на резидуален хлор во водата како и бактериолошка неисправност односно наод на бактерии од цревно потекло заради што на ден 23.07.2026 год. се известени надлежните институции во државата како и надлежните во ЈКП Комуна -Крушево.
На жителите на град Крушево им се препорачува за пиење да користат пакувана вода, додека водата од Градскиот водовод, како вода за лична хигиена, приготвување на храна, перење и миење на садови можат да ја користат само после превривање од минимум 10 минути.
Препораките важат се до добивање на 3 (три) последователни исправни примероци од водата. ЦЈЗ Прилеп ќе биде во постојана комуникација со надлежните институции и ќе ги информира жителите на град Крушево.
Исто така ЦЈЗ- Прилеп ги информира жителите на Крушево дека при испитувањето на крајпатните чешми Бензиска пумпа и Св. Петка, земени на 20.07.2026 год. е констатирана бактериолошка неисправност и истите не смеат да се користат како вода за пиење, информираат од Центарот за јавно здравје -Прилеп.
Јавното комунално претпријатели „Комуна“ препорачa жителите да кристат пакувана вода, додека онаа од градскиот водовод може да се користи како вода за лична хигиена, приготвување на храна, перење и миење садови само после привривање од минимум 10 минути.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025