Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 13 октомври 2026, 17:36 ч.
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Курбиново, еден од најзначајните споменици на средновековното културно наследство во земјава, беше место на средба меѓу министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, и министерката за култура на Грција, Лина Мендони.
За време на високата посета беа официјално презентирани резултатите од завршените конзерваторски активности на вредниот фрескоживопис од XII век, кој претставува исклучително сведоштво за врвните уметнички дострели на византиската цивилизација.
Проектот за заштита и конзервација е реализиран преку стручна соработка меѓу експертскиот тим на Н.У. „Завод и музеј“ – Битола и грчки стручњаци од Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици.
Директорката на Н.У. „Завод и музеј“ – Битола, Маргарета Спасов, во своето свечено обраќање истакна дека овој зафат е значаен резултат на меѓуинституционалното партнерство и повика на уште поголема и поуспешна соработка во иднина.
„Конзервацијата е значаен резултат на стручната и меѓуинституционалната соработка, реализирана со поддршка на грчки експерти од Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, во соработка со стручниот тим на Н.У. Завод и музеј – Битола,“ истакна Спасов.
На настанот присуствуваа и претставници на повеќе институции вклучени во реализацијата на заштитните активности. Присутните се согласија дека оваа посета е потврда за значењето на заедничките напори во зачувувањето, заштитата и меѓународната афирмација на културното наследство.
Зачувувањето на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново има непроценливо значење не само за идните генерации, туку и за културниот и туристичкиот развој на целиот Преспански Регион, велат од Н.У. „Завод и музеј“ – Битола посочувајќи дека продолжуваат со мисијата за заштита и промоција на културните богатства.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025