Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 17 октомври 2026, 12:26 ч.
Речиси 22% од граѓаните во земјава живеат под линијата на сиромаштија, а 29,5% од децата се соочуваат со сиромаштија. Овие податоци ги истакнува Македонската платформа против сиромаштија упатувајќи отвореното писмо до Владата по повод 17 октомври – Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата.
Платформата бара да се донесе сеопфатна Национална стратегија против сиромаштијата и истовремено да се отвори широк инклузивен дијалог за политики што ќе обезбедат достоинствени услови за живот.
Клучните барања на Македонската платформа против сиромаштија се:
-Итно спроведување на Европската гаранција за децата, универзален детски додаток и мерки за превенција на детската сиромаштија.
-Вклучување на домувањето во социјалните политики, со фокус на домувањето како човеково право, превенција на бездомништво, достапно домување за младите, заштита на граѓаните од нереалните цени на пазарот и незаконските практики на правните субјекти.
-Развој на услуги за ранливите категории на граѓани, вклучително и вложувања за зголемување на пристапот до градинки, социјални услуги за деца со попреченост и услуги за грижа и нега за стари лица.
-Намалување на сиромаштијата помеѓу вработените преку соодветна и доследна имплементација на механизмите за заштита и надзор врз работничките права.
-Усвојување на политики кои ќе ги намалат плаќањата од џеб на граѓаните во здравството.
-Развој на мерки за справувањето со сиромаштијата и социјалната исклученост кај постарите лица преку флексибилни патеки за пензионирање и соодветност на пензиите, поддршка за активно стареење и ефективен пристап до висококвалитетни услуги за нега и насочени интервенции за социјална инклузија.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025