Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 6 август 2026, 16:35 ч.
Македонското еколошко друштво (МЕД), во соработка со партнерските организации од мрежата „ПреспаНет“ — Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Грција и Организацијата за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) — успешно ја реализираше овогодинешната Прекугранична летна школа за млади еколози.
Во текот на петдневната интензивна програма, млади еколози од Македонија, Албанија и Грција преку теренски активности, предавања и практични работилници ги истражуваа природните и културните вредности на Прекуграничниот биосферен резерват Преспа-Охрид. Учесниците имаа можност да стекнат нови знаења за современите пристапи во заштитата на животната средина директно од искусни експерти.
Агендата опфати теренски посети на значајни локации, почнувајќи од Националниот парк Галичица и Свети Наум, преку островот Голем Град, па сè до Паркот на природата „Езерани“. Покрај едукативниот сегмент, настанот послужи и како платформа за размена на искуства и градење нови пријателства меѓу младите од регионот, потврдувајќи дека заштитата на природата не познава граници.
Прекуграничната летна школа се организира во рамките на проектот „ПреспаНЕТ III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“, кој е финансиски поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), Фондацијата AAGE V. JENSEN NATURFOND и EuroNatur.
Фотографии: Македонско еколошко друштво Игор Ефтимовски
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025