Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 19 јули 2026, 12:51 ч.
Младинскиот Совет Крушево успешно реализираше серија креативни и едукативни работилници во рамките на иницијативите „Meet and Talk“, „Creative Moves Day“ и „Heritage Day“. Настаните, кои привлекоа голем број млади луѓе, понудија спој на претприемнички приказни, уметничко изразување и зачувување на културното наследство.
Од бизнис инспирација до модерен танц
Програмата започна со интерактивната сесија „Meet & Talk“, каде младите имаа можност да разговараат со сопствениците на локалниот „Manifest Bar“. Преку отворен дијалог, тие ја споделија својата приказна, предизвиците со кои се соочиле на почетокот и мотивацијата која стои зад создавањето на нивниот препознатлив простор, со што испратија силна порака за важноста на локалното претприемништво.
Веднаш по инспиративниот разговор, енергијата се префрли на подиумот преку работилницата за модерен танц во рамки на „Creative Moves Day“. Учесниците преку едноставни чекори ја открија моќта на танцот како алатка за поврзување, изразување и градење позитивна атмосфера.
Влашката култура и традицијата на Крушево во фокусот
Вториот дел од активностите беше посветен на „Heritage Day“ (Денот на културното наследство), каде главен акцент беше ставен на богатата историја на Власите и нивното значење за Крушево – град препознатлив по својот мултикултурен соживот.
Работилницата ја водеше Теано, еден од основачите на здружението „Тихе“. Преку интересни приказни, дискусии и автентични искуства, младите се запознаа со влашката традиција, обичаите и јазикот, потсетувајќи на важноста од зачувување на овие вредности за идните генерации.
„Научивме повеќе за вредностите и традициите што треба да ги чуваме и да ги пренесуваме на идните генерации. Крушево со векови претставува дом на различни култури и заедници, а тоа е нашето најголемо богатство“, истакнуваат организаторите од Младински Совет Крушево.
Од Младинскиот Совет Крушево упатија јавна благодарност до сите учесници кои придонесоа за одличната атмосфера. Активностите и дружењето продолжуваат и денес со нов настан кој ќе започне во 18:00 часот во просториите на „Алто“, каде се очекува уште поголем одзив од локалната младина.
Целиот проект и овие младински активности се реализираат со финансиска поддршка од страна на Европската Унија.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025