Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Млади од Пелагонија лансираа кампања „Чувари на шумите“ за заштита на природните богатства

Објавено: 27 септември 2026, 17:42 ч.

Млади од Пелагонија лансираа кампања „Чувари на шумите“ за заштита на природните богатства

Со пораката дека едно дрво обезбедува дневен кислород за двајца луѓе, младите активисти од Пелагонискиот Регион ја започнаа новата еколошка иницијатива „Чувари на шумите“ (Forest Guardians), насочена кон подигање на јавната свест за важноста и зачувувањето на шумските екосистеми.

Кампањата, инспирирана од природните богатства на Баба Планина и Националниот парк Пелистер, става посебен акцент на одговорното однесување за време на престојот во природа, но и на практичните чекори што секој поединец може да ги преземе – пред сè преку пошумување и едукација.

Во рамките на проектот е пуштена во употреба и специјална едукативна платформа, www.forest-guardians.online, каде што граѓаните и младите можат да се информираат за начините на кои можат директно да придонесат кон заштитата на животната средина.

„Кога стоите во шумите на Пелистер, стоите во природна фабрика за кислород. Секое изгубено дрво значи помалку кислород за сите нас. Младите имаат моќ и одговорност да ја променат состојбата – засадете дрво за подобра иднина!“, порачуваат младите иницијатори на кампањата.

Младинската кампања е реализирана во рамките на проектот „Чувари на шумите“, поддржан од Фондот за зајакнување на младите (Youth Empowerment Fund), Глобалната мобилизација на млади (Global Youth Mobilization – GYM) и Европската Унија (ЕУ). Проектот се спроведува во партнерство со водечките светски младински организации, вклучително и Светската извидничка организација (WOSM), YMCA, YWCA, WAGGGS, Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина (IFRC) и Меѓународната награда на Војводата од Единбург.

Проектот го спроведува граѓанската организација Граѓански Патеки во соработка со Асоцијацијата ИКТ Свет. Проектните активности вклучија и теренски активности и соработка со Националниот парк Пелистер. Во проектните активности се вклучени и средношколци од средното училиште Таки Даскало во Битола.

 П.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми