Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 27 јуни 2026, 11:43 ч.
Системот за видеонадзор „Сејф сити“ (Safe City) продолжува со етапно проширување низ целата држава, што значи дека набрзо и возачите во Битола и Пелагонискиот регион ќе мора да бидат исклучително внимателни и да ги почитуваат сообраќајните правила.
Од официјалното пуштање во функција на овој систем во февруари годинава, досега се регистрирани над 120 илјади сообраќајни прекршоци низ градовите каде што камерите се веќе активни. Оваа бројка сведочи за високата ефикасност на технологијата, која автоматски ги детектира прекршителите без потреба од физичко присуство на полициски службеници.
По првичниот бран кој ги опфати Скопје, Тетово и Куманово, како и клучните патни правци долж Коридорите 8 и 10, МВР веќе ја реализира следната фаза. Неодамна комплетно е завршено поставувањето и инсталирањето на опремата во Охрид и Струга, каде што системот во моментов е во тест-период, а набрзо ќе започне и со реално казнување.
Според планот за етапно покривање на целата територија на Македонија, современите камери за брзина, минување на црвено светло и непишани сообраќајни правила се очекува набрзо да бидат инсталирани и на клучните раскрсници и црни точки во Битола. Примарната цел на ова проширување е подигнување на сообраќајната култура и намалување на бројот на сообраќајни незгоди со тешки последици.
Како функционира казнувањето?
Процесот на процесирање на казните е целосно дигитализиран за да се избегне човечкиот фактор и секаков вид селективност:
Инстант известување:Кога камерите ќе регистрираат прекршок, сопственикот на возилото добива СМС-порака и е-пошта ( тие податоци се оставени при регистрација).
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025