Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 29 јули 2026, 10:28 ч.
Пред продолжениот илинденски викенд, голем број граѓани веќе ја напуштаат земјата упатувајќи се кон летните дестинации во соседството. Поради ова веќе има поголема фреквенција на граничните премини. Засилена фреквенција на возила има низ целокупната патна мрежа во државата. Најголема фреквенција утринава се бележи на јужната граница, каде што возачите кои заминуваат од земјава се соочуваат со подолго чекање.
Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е значително зголемен, што е целосно вообичаено за овој период од годината кога голем број граѓани патуваат кон одморалиштата.
Најкритична точка во моментов е граничниот премин Богородица, каде што се чека за излез од државата.
Од АМСМ ги соопштија прецизните податоци за задржувањата на граничните премини:
„Од АМСМ информираат дека најголема фреквенција на возила е забележана на граничниот премин Богородица, додека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата.“
Поради зголемениот број возила на патните правци кон јужниот соборак, надлежните служби апелираат до сите возачи на максимална концентрација зад воланот.
Од Автомото сојузот апелираат возачите да ја следат актуелната состојба на патиштата и да го приспособат возењето на условите во сообраќајот.
Што се однесува до битолскиот реон на Меџитлија состојбата е вообичаена, односно нема подолго задржување на границата.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025