Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 22 август 2026, 09:45 ч.
АМСМ инфoрмира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини ГП Табановце за влез и излез од државата и на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025