Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 17 август 2026, 12:23 ч.
ОД ПРЕСПА ДО СВЕТОТ: МЕД организира теренска посета за мониторинг на шумските желки
Македонското еколошко друштво (МЕД), во соработка со Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“, упатува отворен повик до сите љубители на природата за учество во теренска посета посветена на следењето и заштитата на желките во Преспанскиот регион. Настанот е дел од јавната манифестација „Мојот дел од природата“.
Додека во Западна Европа популациите на шумски желки драстично се намалуваат поради уништување на нивните живеалишта и развојот на инфраструктурата, Преспа останува клучна точка за нивно зачувување. Учесниците ќе имаат уникатна можност од блиску да научат како научниците ја проценуваат нивната бројност, кои се најголемите закани за овие животни и што открива нивното присуство за здравјето на целиот екосистем.
Детали за настанот и пријавување:
Датум и време: 26 август 2026 година (среда), со почеток во 08:00 часот.
Транспорт: Организиран превоз со поаѓање од Ресен.
Рок за пријавување: Најдоцна до 19 август 2026 година, преку онлајн формуларот на МЕД (бројот на места е ограничен).
Оваа активност е дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран од Фондот за природа „Преспа - Охрид“ (ПОНТ). Проектот се спроведува во прекугранична соработка со партнери од Македонија, Грција и Албанија.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025