Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 25 јули 2026, 12:18 ч.
Во изминатите 24 часа до 08 часот изутринава најмногу дожд наврнал во Претор, 26 литри на метар квадратен, по што следуваат Битола, Струмица и Попова Шапка, 7, Охрид, Маврови Анови и Пожаране, 6, Крива Паланка, 5, Скопје-Петровец и Крушево, 4, Прилеп, 2, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Берово, 1 литар - покажуваат мерењата на Управата за хидрометероролошки работи (УХМР).
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025