Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 28 мај 2026, 12:47 ч.
Случајот со мечката која во изминатите денови беше топ тема во Битола, откако млада мечка се прошета низ градскиот парк и под Тумбе кафе, по што се појави уште на неколку локации низ градот, ги отвора дискусиите за причините зошто мечките слегуваат во близина на селата и градските средини.
Добрите познавачи велат дека карактеристично за оваа сезона е што голем дел од овошните плодови во повисоките предели не го даваат вообичаениот род, па поради недостиг на природна храна, мечките се гладни и се принудени да слегуваат многу ниско во потрага по егзистенција.
Како една од мерките со цел да се спречи мечките да доајѓаат во руралните и урбаните средини се предлага поставувајње на хранилки така што мечките ќе дојдат до храна во својата природа средина и нема да слегуваат во градовите и селата каде што потенцијално претставуваат закана за населението.
Последен пат деновиве мечка во нашиот регион е забележана на полињата околу пелагониското село Драгарино.
Група од четворица жители на ова пелагониско село извршувајќи ги своите редовни земјоделски активности ја забележале мечката за која претпоставуваат дека е млада. „Додека садевме пипер се појави на 10 метри од нас.“ Ова е првпат долку блиску, на 10 метри од себе да забележи мечка или било кое друго диво животно. Вели, другпат забележувале траги од мечки, дури и поголеми од трагите што ги остави оваа, но немале ваков вид на директна средба.
Поради појавата на мечка на повеќе локации во битолско, прилепско и Преспа логично се претпоставува дека станува збор за повеќе мечки.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025