Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 31 јули 2026, 21:11 ч.
Нова медицинска опрема и инвестиции во ЈЗУ Клиничка болница Битола денес во Битола беа промовирани во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски.
„Клиничка болница Битола прва во Македонија започна со соработката со Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија. Направивме соработка, наместо нашите пациенти со малигни заболувања да патуваат до Скопје за третман, прегледи и контроли, сега еднаш неделно, понекогаш и повеќе пати, доктори од клиниката доаѓаат за да го спречиме патувањето на оваа наша категорија на пациенти и граѓани на Битола“, истакна директорката Лозанче.
Појасни дека направиле договор со доктор од Клиниката за педијатрија за децата со атипичен развој. „Овие деца досега патуваа во Скопје за еден обичен извештај или преглед или третман, сега веќе скратена е таа нивна голгота. Тука не можам ако не се заблагодарам лично на премиерот Христијан Мицкоски, кој несебично и брзо изреагира кога во Битола немаше ренген апарат, еден супер модерен дигитален ренген апарат за потребите на цела западна Македонија беше дониран лично од Владата со залагање на премиерот“, рече Лозанче.
Во Клиничка болница Битола во овој период реализирани се 82 вработувања, 10 доктори се на приватна специјализација, а има и трансфери од приватни и од јавни здравствени установи во Клиничка болница Битола.
„Драго ми е што искусни доктори специјалисти дојдоа да работат тука, а сега следи втората група специјалисти. Се надевам дека ќе има соодветен одзив и интерес за Клиничката болница Битола, за да го направиме тој чекор за доекипирање. Во моментот треба да се децентрализира дел од терапијата за мултипла склероза. Значи во Клиничката болница Битола се дава терапијата што досега се даваше во Скопје. За оваа група на пациенти која има посебни потреби секое патување за Скопје е напор и се надевам дека многу наскоро надвор од тоа што е направено досега за онкологија“, посочи министерот Клековски.
„Би сакал да кажам дека здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, трпение, но најмногу од сè бара пари, затоа што тоа што е уништувано со години, да бидам попрецизен со децении, за жал преку ноќ не можеме да го исправиме. Како Влада оваа година рекордно издвојуваме веќе повеќе од 1 милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги. Морам да признаам дека сè што можеме да направиме од страна на Владата во периодот што помина и тој што следи ќе го направиме. Ваков тип на проекти за мене импресионираат и јас навистина честитам на директорката и на вработените во Клиничката болница во Битола. Ова е само почеток, целта ни е целосно би рекол реновирање. Одиме чекор по чекор до екипирање и од човечки капацитет, но и од оној другиот преку опрема, апаратура неопходни за да се дадат здравствените услуги на граѓаните, она што им е потребно. Досега успеавме дел од тоа што недостасуваше да го обезбедиме, но и отсега со несмалена динамика ќе продолжиме во таа насока.“-рече премиерот Христијан Мицкоски.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025