Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Нарачувате онлајн преку Грција? Очекувајте нови давачки - по 3 евра за секој различен производ

Објавено: 26 јуни 2026, 11:23 ч.

Нарачувате онлајн преку Грција? Очекувајте нови давачки - по 3 евра за секој различен производ

Ако една нарачка содржи три различни видови производи, во овој случај се наплатува царина од девет евра (по три евра за секој вид производ), на која се додава соодветното ДДВ и евентуални други давачки, информираат од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во однос на новата посебна увозна царина од три евра за секој различен производ што од 1 јули ќе се воведе за онлајн-купувања до 150 евра од електронски продавници од земји надвор од ЕУ.

Преку циркулар, управителот на ААДЕ, Јоргос Пицилис ги појасни новите правила за воведување увозен царински надомест од три евра што стапува во сила на 1 јули 2026 година, во сите земји-членки на Европската Унија, вклучително и Грција, а се однесува исклучиво на онлајн-купувања што потрошувачите ги вршат преку платформи за електронска трговија.

– Новиот надомест е привремена мерка и ќе важи до 30 јуни 2028 година. Од 1 јули 2028 ќе се применува редовниот царински режим и увозната царина ќе се пресметува врз основа на царинската категорија на секој производ, без оглед на неговата вредност или начинот на купување и испорака, информираа од ААДЕ.

Нагласија дека новата царина од три евра се воведува на секој различен вид производ, а не за секој пакет, додека пак ако нарачката има два идентични производи, тогаш надоместот ќе се плати само еднаш.

Од Независната управа за јавни приходи на Грција истакнаа дека новите правила не влијаат врз процедурите за купување и испорака на стоки што се одвиваат во внатрешноста на Грција или меѓу земјите-членки на Европската Унија.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми