Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 7 септември 2026, 13:35 ч.
Музејската збирка во НУ „Завод и музеј“ – Битола, посветена на таткото на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, е збогатена со нови вредни историски предмети и модерна мултимедијална опрема. Донацијата е официјализирана како резултат на соработката со Министерството за национална одбрана на Република Турција.
Меѓу новопристигнатите експонати кои отсега ќе бидат достапни за посетителите се автентична сабја и еполета од соодветниот историски период и статуа „Ататурк и Манастир“, изработена во чест на неговите студентски денови.
Дел од донацијата е и современа мултимедијална опрема, наменета за интерактивна презентација на поставката.
Ваквите експонати се мошне важни за туристичкиот потенцијал на Битола бидејќи ја раскажуваат автентичната приказна на градот. Имено, Мустафа Кемал Ататурк се школувал во некогашната Воена гимназија во Битола (денешниот објект на Музејот) кон крајот на XIX век, период кој остави траен белег во историјата на градот и ги постави темелите на културниот мост меѓу двете земји.
„Вистинската вредност на музејскиот предмет е приказната што тој ја носи и можноста таа приказна да им биде пренесена на следните генерации. Благодарни сме што ова наследство продолжуваме да го чуваме и презентираме со почит и одговорност“, истакна директорката на НУ „Завод и музеј“ – Битола, Маргарета Спасов.
Претставниците од турска страна, предводени од Мајор Ондер Арикан и Едис Тахир, за време на нивната посета на институцијата ја нагласија важноста на зачувувањето на оваа заедничка меморија токму на местото каде што таа природно припаѓа.
„За нас има особено значење предметите што потсетуваат на тој период да бидат токму овде, во Битола. Со оваа донација придонесуваме кон зачувувањето на историската меморија и кон натамошното продлабочување на пријателството и соработката меѓу двете земји“, изјави мајор Арикан.
Со оваа донација, Спамен-собата на Ататурк во Битола дополнително го зајакнува својот статус на една од најпосетените културно-историски дестинации во регионот за домашни и странски туристи.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025