Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

За првпат НП Пелистер добива директна поддршка од АФПЗРР - важен поттик за заштитата и унапредувањето на природните вредности и биодиверзитетот

Објавено: 30 септември 2026, 15:53 ч.

За првпат НП Пелистер добива директна поддршка од АФПЗРР - важен поттик за заштитата и унапредувањето на природните вредности и биодиверзитетот

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, со директорот на ЈУ НП Пелистер Иванчо Тошевски, го потпишаа договорот со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски, во врска со обезбедувањето и користењето на финансиски средства за реализација на активности и инвестиции од значење за заштитата, управувањето, унапредувањето и одржливиот развој на Националниот парк „Пелистер“.

Согласно важечките прописи, Програмата за заштита на природата, Планот за управување со НП „Пелистер“, годишните програми на ЈУ НП „Пелистер“ и расположливите средства во Буџетот на Република Северна Македонија, финансиските средства ќе се користат исклучиво за:

- заштита и унапредување на природните вредности и биодиверзитетот;

- мониторинг на видови и живеалишта;

превенција и заштита од шумски пожари;

одржување и унапредување на зелената инфраструктура;

- уредување и одржување на патеки и пристапни инфраструктурни објекти;

еколошка едукација и подигнување на јавната свест;

- развој и унапредување на еко-туризмот;

набавка на опрема неопходна за вршење на дејноста;

- санација и реконструкција на објекти предвидени со плановите и програмите на ЈУ НП „Пелистер“;

- други активности од значење за заштитата и одржливото управување со Националниот парк.

Оваа поддршка доаѓа во клучен момент и е основа за отпочнување со реализација на крупни проекти кои ќе трасираат еден сосема нов правец во развојот на НП Пелистер, велат од Националниот парк.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми