Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 1 август 2026, 14:52 ч.
Битолскиот бизнисмен Борче Марковски, кој е обвинет за злоупотреба на тендери во РЕК „Битола“, се врати во Македонија, изјави за ТВ 24 неговиот адвокат Марјан Николоски.
Според адвокатот, Марковски оставил и гаранција пред судот, а неговото заминување во Србија било легално.
Марковски на заминување од државата бил задржан на граничниот премин „Табановце“, но по извршените проверки му било дозволено да ја напушти државата, бидејќи против него немало активна мерка што би го спречила да ја премине границата.
Против Марковски се води спор, но тричлен кривичен совет донел одлука да му биде вратен пасошот на Марковски.
Прашан за став по враќањето на пасошот на обвинетиот за злоупотреби Борче Марковски, премиерот Христијан Мицкоски вчера во Битола изрази мислење дека станува збор за груба манипулација од јавен обвинител, како што рече, соучесник во овој процес.
„Мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес и тоа нема така да заврши. Ако сакав да кажам име и презиме, ќе кажев име и презиме, не би сакал да шпекулирам со имиња и презимиња. Допрва ќе има истрага и ќе следи истрага за овој процес, затоа што од страната на надлежното Основно јавно обвинителство имаме поинаков извештај од тој којшто е приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство овдека во Битола. Ова нема така да заврши“, одговори Мицкоски.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025