Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Охрид стана полуксузен од Грција и Хрватска? Граѓани се жалат од „астрономски“ цени за сместување

Објавено: 18 јуни 2026, 11:18 ч.

Охрид стана полуксузен од Грција и Хрватска? Граѓани се жалат од „астрономски“ цени за сместување

Летувањето во Охрид полека но сигурно станува недостижен луксуз за домашните туристи. Наместо да биде достапен за македонските граѓани, домашниот туристички бисер ги шокира посетителите со цени кои, според тврдењата на граѓаните, ги надминуваат дури и познатите приморски дестинации во регионот. На социјалните мрежи деновиве се појавија реакции од граѓани кои споделуваат лични искуства од обидите да резервираат сместување за претстојната летна сезона.

150 евра од ноќ за обичен стан?

Жителка на Прилеп јавно го сподели своето искуство откако се распрашувала за цени за изнајмување стан во Охрид, каде што планирала да го испрати своето дете на одмор со група од уште петмина другари.

„На повеќе места каде што се јавив да прашам за слободен капацитет, искрено останав запрепастена од одговорите. Цената што ја бараа беше 1.600 денари (25 евра) од ноќ по дете. Во случајот станува збор за група од шест деца, што значи дека за еден стан треба да се платат 9.600 денари, односно 150 евра дневно“, пишува револтираната мајка во својата објава.

Поскапо од Грција, Албанија и Црна Гора

Според неа, ваквите суми се целосно нереални и неоправдани за стандардот во Македонија. Таа прави паралела со цените во соседството, нагласувајќи дека Охрид веќе ги престигнал и морските летувалишта.

Регионален преглед

Вакви цени не се среќаваат лесно ниту во приморските места во Грција, Албанија, Црна Гора, па дури и во одредени делови од Хрватска. Наместо Охрид да биде достапен за домашните гости, тој станува луксуз кој сѐ помалку македонски семејства можат да си го дозволат.

Граѓаните предупредуваат дека со ваков пристап од страна на наоѓачите на сместување, Охрид самиот си ги брка гостите. Поради тоа, воопшто не треба да изненадува фактот што сѐ поголем број македонски граѓани избираат парите за летниот одмор да ги потрошат надвор од границите на државата, барајќи поевтини и поатрактивни алтернативи на море.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми