Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 1 август 2026, 14:55 ч.
Во пресрет на празничниот викенд, кога повеќето веќе се одмараат, една извонредна хуманитарна акција донесе огромна радост и олеснување за шестмина млади луѓе. Благодарение на брзата реакција и несебичноста на донатори, шест студенти од Охрид, кои поради финансиски потешкотии се соочуваа со ризик да не можат да ги продолжат своите студии, сега можат мирно да ја чекаат новата академска година.
Иницијативата започна преку организацијата „Млади од семејна разновидност / Youth of Diverse Families“, која континуирано се бори и обезбедува поддршка за децата и младите од еднородителски семејства.
„Целта не е фалење, туку мотивирање. Сакам да информирам, споделам и инспирирам – нешто во што верувам дека заедно успеваме“, споделува охридскиот хуманитарец Димче Каневче, кој лично покрил трошоци за четворица студенти, додека преку уште две (засега анонимни) донаторки се обезбедени средства за уште двајца млади.
Борбата за образованието на младите продолжува – Потребна е вашата поддршка
Иако ова е огромна победа, приказната не завршува тука. На листата на организацијата сè уште има уште многу студенти кои се во исклучително тешка финансиска состојба и кои самите не можат да си дозволат уплата за следниот семестар.
Секоја поединечна уплата и секоја донација значат чекор поблиску до диплома и подобра иднина за овие млади луѓе. За да се помогне многу, потребно е само малку – отворено срце и желба да се направи промена.
Затоа иницијаторите упатуваат повик до јавноста. Бизнис секторот, општествено одговорните компании, но и сите граѓани кои имаат можност, се повикуваат да се приклучат на оваа благородна кауза. Контактирајте ја организацијата „Млади од семејна разновидност“ и донирајте за уплата на семестар. Нашето малку, за некој студент значи исполнување на животниот сон.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025