Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 19 мај 2026, 10:58 ч.
Хрватска официјално го усвои новиот закон кој носи олеснување за македонските транспортери. Новата регулатива доаѓа како директен одговор на предизвиците со кои се соочуваат возачите при влез во европските земји. „Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи“, објави Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, преку социјалните мрежи. Според него, ваквиот правен чекор претставува директно олеснување на процедурите кои настанаа по промените во европската сообраќајна зона. „Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи“, потенцира министерот. Тој појасни дека оваа законска измена е плод на претходни билатерални разговори и договори со хрватските власти.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025