Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Отпадни води го загадуваат Охридско езеро, пестицидите се закана за Преспанско и Дојранско - еве кои плажи се загадени

Објавено: 20 јули 2026, 10:27 ч.

Отпадни води го загадуваат Охридско езеро, пестицидите се закана за Преспанско и Дојранско - еве кои плажи се загадени

Иако водата во Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро во најголем дел е безбедна за капење, најновиот извештај на Институтот за јавно здравје открива дека старите проблеми со загадувањето и понатаму не се решени.

Најкритична останува состојбата во Охридското Езеро, каде што како потенцијални загадувачи се наведуваат фекалните води, септичките јами, неисправната канализација и отпадните води од туристичките и угостителските објекти.

Според извештајот, голем број хотели, ресторани, туристички населби и приватни куќи сè уште не се приклучени на колекторскиот систем, поради што дел од отпадните води завршуваат во септички јами, а на одредени места и директно во езерото.

Септичките јами закана за езерото

Особено загрижува состојбата во Радожда, каде што дел од септичките јами се наоѓаат непосредно до брегот или се празнат директно во езерската вода.

Како дополнителни извори на загадување се посочени реките Черава, Сатеска, Велгошка и Коселска, атмосферските канали, плажите и неисправниот систем за пречистување во Свети Наум. И покрај тоа, анализите покажуваат дека во најголем дел од мерните места водата ги исполнува законските критериуми, а најголемиот број плажи имаат оценка „одлична“ или „добра“.

Пестицидите се закана за Преспанско и Дојранско езеро

Во Преспанското Езеро ризикот од загадување е оценет како низок, иако дел од отпадните води и понатаму се собираат во попивни јами, а некои викендички немаат соодветен систем за нивно одведување.

Кај Дојранското Езеро најголемата опасност доаѓа од пестицидите и вештачките ѓубрива од околните земјоделски површини, како и од отпадните води и цврстиот отпад што го оставаат посетителите.

Институтот за јавно здравје препорачува целосно ставање во функција на колекторскиот систем, приклучување на сите објекти на канализациската мрежа и редовно следење на квалитетот на водата.

За Дојран се предлага Македонија и Грција заеднички да работат на откривање и спречување на изворите на загадување, додека за Преспа се препорачува подобро управување со отпадните води и отпадот.

Извештајот е објавен само неколку дена пред Комитетот за светско наследство на УНЕСКО повторно да одлучува дали Охридскиот Регион ќе биде ставен на Листата на светско наследство во опасност.

Експертите предупредуваат дека долгогодишното одложување на решавањето на проблемите со загадувањето, дивоградбите и прекумерната урбанизација може дополнително да го загрози еден од највредните природни и културни локалитети во Европа.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми