Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 23 септември 2026, 11:57 ч.
Иако есента официјално започна пред само еден ден, Националниот парк Пелистер утрово го дочека својот прв снежен покривач за оваа сезона.
Спуштањето на температурите во пониските делови од Пелагонија донесе дожд, а на високите планински падини снег. Како што потврдуваат од Националниот парк Пелистер, побелени се сите повисоки предели, а посебно магична е глетката околу Големото Езеро, каде што белата покривка и есенските бои создаваат вистинска идила на 2.218 метри надморска височина.
Планинарите и чуварските служби на паркот веќе забележаа снег на познатите локации. Од управните служби на НП Пелистер споделија и први фотографии од побелените падини, кои мамат воздишки кај љубителите на планината.
Апел до сите рекреативци и планинари кои планираат осети на Пелистер да бидат подготвени за значително пониски температури, да носат соодветна зимска опрема и внимателно да ја следат временската прогноза.
Фотографии: НП Пелистер
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025