Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Пет специјализирани медиуми добија грантови за продукција на содржини од јавен интерес во рамките на проектот SMS Facility

Објавено: 22 септември 2026, 21:39 ч.

Пет специјализирани медиуми добија грантови за продукција на содржини од јавен интерес во рамките на проектот SMS Facility

Пет мали медиуми добија грантови за продукција на медиумски содржини од јавен интерес во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан. За разлика од претходните циклуси каде примарниот фокус беше ставен на општото локално известување, овој циклус става акцент на специјализираното новинарство.

Поддржаните проекти во наредниот период ќе обработуваат специфични, но суштински општествени прашања: од улогата на спортот и дигиталните креативни индустрии, преку родовата еднаквост, правата на маргинализираните заедници до проблемите на руралните средини – теми што често остануваат надвор од радарот на мејнстрим медиумите.

Покрај финансиската поддршка за продукција, проектот обезбедува и значајна компонента за јакнење на капацитетите на медиумите. Добитниците ќе имаат пристап до стручна менторска поддршка, како и едукативни курсеви, работилници и обуки. Развиени се и специјализирани алатки и методологии за самопроценка и организациски развој.

Добитници на грантовите во овој циклус се:

Здружение на граѓани ГРАЃАНСКИ ПАТЕКИ Битола (evo.mk) со проектот „Гласот на заедницата: Дигитален сторителинг за критични локални и регионални прашања низ призмата на граѓанинот“. Проектот ќе се фокусира на Пелагонискиот регион, обработувајќи теми како екологијата, медиумската писменост, образовната миграција и родово базираното насилство, преку иновативни мултимедијални формати и директно вклучување на граѓаните во креирањето на уредувачката политика.

Друштво за креативни услуги ГГ Шарено ДООЕЛ Скопје (GG.MK) со проектот „Game Divas ON AIR“. Овој специјализиран гејминг медиум ќе ја истражува улогата на жените во индустријата за видеоигри и е-спортот. Преку поткасти, интервјуа и видео-сведоштва, проектот има за цел да ја зголеми видливоста на жените и девојките во дигиталните креативни професии и да поттикне поголема младинска инклузија во овој брзорастечки сектор.

Друштво за трговија и услуги „24 Медиа Гроуп“ ДООЕЛ Скопје (24rakomet.mk) со проектот „Зад рефлекторите“. Специјализираниот спортски портал преку серијал од документаристичко-новинарски емисии ќе ја истражува пошироката општествена улога на спортот. Фокусот ќе биде на инклузивноста, женскиот ракомет, волонтерството, руралната маргинализација и развојот на младите преку улогата на спортските работници и родителите.

Здружение за феминистичка продукција, израз и делување Платформа Медуза Скопје (meduza.mk) со проектот „Гласови што недостигаат“. Проектот предвидува продукција на истражувачки и видео есеи посветени на феминизмот, ЛГБТИК+ правата, репродуктивното и сексуално здравје, работничките права и социјалната правда. Целта е да се зголеми застапеноста на искуствата на сексуалните и родовите малцинства во јавниот дискурс.

Друштво за интернет медиуми КОНЕКТ.МК ДООЕЛ Скопје (konekt.mk) со проектот „Невидливи локални приказни: аналитичко новинарство за заедници надвор од медиумскиот фокус“. Фокусот е ставен на руралната маргинализација, социјалната инклузија, лицата со попреченост и младинските прашања. Преку теренско истражување, медиумот ќе им даде глас на заедниците кои ретко добиваат континуирано медиумско внимание.

Овие грантови претставуваат континуитет во напорите на Фондацијата Метаморфозис за зајакнување на независноста и одржливоста на медиумскиот сектор, нудејќи не само ресурси за продукција, туку и знаење за долгорочен развој на медиумите.

Регионалниот проект SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, кофинансиран од Европската Унија, се спроведува во партнерство со пет граѓански организации за поддршка на медиуми – Центарот за промоција на граѓанско општество CPCD (Босна и Херцеговина) како водечки партнер, Томсон медиа (Германија), Наука и иновација за развој SCIDEV (Албанија), Косово глокал (Косово) и Центарот за демократска транзиција CDT (Црна Гора).

Извор и фотографии: metamorphosis.org.mk

 
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми