Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 4 септември 2026, 12:29 ч.
Во основното образование во Прилеп оваа учебна година настава ќе следат околу 5.600 ученици, од кои 510 се запишани во прво одделение. Во средните училишта, пак, наставата ќе ја посетуваат околу 2.800 средношколци, од кои 700 се запишани во прва година.
Сите 10 основни, 5 средни и 15 подрачни училишта на територијата на Општина Прилеп се целосно подготвени за новата учебна година. Во текот на летниот период се реализирани активности во насока на подобрување на условите за одвивање на воспитно-образовниот процес, за што се инвестирани околу 20 милиони денари, велат од општина Прилеп.
Во рамки на процесот на оптимизација на училишната мрежа, Општина Прилеп продолжува со одговорен пристап кон организацијата на образовниот процес. Оптимизацијата нема да значи затворање на ниту едно училиште, ниту отпуштања на наставен кадар.
„Нашите првачиња заслужуваат посебно внимание и поддршка уште од првиот ден. Затоа, покрај бесплатниот училишен прибор, оваа година за првпат обезбедивме и финансиска поддршка од 3.000 денари за секое семејство кое го запишало своето прваче во општинските основни училишта. Веруваме дека со конкретни мерки можеме да им помогнеме на семејствата и да создадеме подобри услови за нашите најмлади ученици“, истакна градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски.
Воедно, оваа година се надминати и проблемите поврзани со превозот на учениците кои доаѓаат од соседните општини и од околните населени места, со што се создадени услови за редовно и непречено следење на наставата, информираат од локалната самоуправа.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025