Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Безбеден град спасува животи - За осум месеци 34 помалку загинати и 863 помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди

Објавено: 24 септември 2026, 13:32 ч.

Безбеден град спасува животи - За осум месеци 34 помалку загинати и 863 помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди

Податоците од евиденциите на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека во првите осум месеци од 2026 година е постигнато значително подобрување на безбедносната состојба во патниот сообраќај.

Во периодот јануари–август 2025 година во сообраќајни незгоди животот го загубиле 96 лица, додека во истиот период од 2026 година загинале 62 лица. Тоа се 34 помалку загинати лица, односно намалување од 35,42%.

Истовремено, вкупниот број настрадани лица е намален од 4.731 на 3.868. Станува збор за 863 помалку загинати и повредени лица, односно намалување од 18,24%.

Овие бројки се јасна потврда дека системскиот пристап во унапредувањето на безбедноста во сообраќајот дава конкретни резултати. Вкупниот број сообраќајни незгоди е намален од 5.485 на 4.840, односно за 11,76%. Бројот на сообраќајни незгоди со смртни последици е намален од 82 на 54 или за 34,15%, додека бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди е намален од 594 на 528, односно за 11,11%.

Бројот на сообраќајни незгоди со телесни повреди е намален од 2.291 на 1.896 или за 17,24%, а бројот на сообраќајни незгоди со материјална штета од 2.518 на 2.362, односно за 6,20%. Бројот на лица со телесни повреди е намален од 3.949 на 3.116, односно за 21,09% или 833 лица. Бројот на лица со тешки телесни повреди е на приближно исто ниво – 686 во 2025 и 690 во 2026 година.

Значењето на овие резултати е уште поголемо ако се земе предвид дека со години бројот на жртвите во сообраќајот остануваше на високо ниво. Во периодот од 2010 до 2025 година во сообраќајни незгоди годишно загинувале меѓу 116 и 198 лица, а во 2019 и во 2025 година биле регистрирани по 132 загинати лица. Тоа покажува дека подолг период не било постигнато суштинско и одржливо намалување на бројот на жртвите.

Позитивната промена во 2026 година е резултат на интегриран пристап кој ги опфаќа системот „Безбеден град“, законските измени, засилените полициски контроли и континуираните превентивни активности.

Со започнувањето на санкционирањето преку системот „Безбеден град“ на 1 февруари 2026 година, беше воспоставен нов модел на постапување. Прекршоците се детектираат автоматски, предметите се обработуваат електронски, а известувањата се доставуваат преку СМС порака и електронска пошта.

Не станува збор само за воведување нова технологија, туку за промена на начинот на спроведување на сообраќајните прописи, односно од повремена контрола кон континуирано, предвидливо и неселективно постапување. Со тоа се зголемува извесноста дека детектираниот прекршок ќе биде процесиран, се намалува просторот за субјективно постапување и се влијае превентивно врз однесувањето на учесниците во сообраќајот.

Резултатите во првите осум месеци покажуваат дека овој пристап создава реална промена на патиштата. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со унапредување и проширување на системот „Безбеден град“, со засилени контроли и со мерки насочени кон намалување на сообраќајните незгоди односно помалку повредени и помалку загубени човечки животи, посочуваат од МВР.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми