Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Поскапува сместувањето во студентските домови

Објавено: 19 април 2026, 09:11 ч.

Поскапува сместувањето во студентските домови

Собранието по скратена постапка ги изгласа измените на Законот за студентски стандард, предложени од група пратенички на ВМРО-ДПМНЕ.

Новите законски решенија воведуваат значителни промени во начинот на финансирање на студентското сместување и распределбата на стипендиите.

Со новиот закон се воведува категоризација на студентските домови во два типа: Тип 1: Енергетски ефикасни и реконструирани објекти. Тип 2: Постојни, односно нереновирани студентски домови.

Министерството за образование го менува моделот на финансирање на сместувањето и исхраната, па така за домовите од Тип 1, државата ќе покрива само до 40% од трошоците (наместо досегашните 50%). За домовите од Тип 2, партиципацијата останува до 50%.

Ова значи дека студентите во реновираните домови ќе плаќаат повисоки цени, кои ќе се утврдуваат според „реалните трошоци“. Постои страв од создавање „двокласен систем“, каде што подобрите услови ќе бидат достапни само за оние со подлабок џеб.

Измените го менуваат и соодносот на доделување на државните стипендии: Социјални категории: Квотата се намалува од 49% на 40% (иако сега се вклучени и студенти со ретки болести и попреченост). Стратешки интереси: 35% од стипендиите се наменети за студиски програми од стратешки интерес.

Успех: 25% се резервирани за студенти со особен успех во учењето.

Со новиот закон се бришат одредбите донесени за време на ковид-кризата. Студентите кои нема да добијат место во дом повеќе нема да имаат законско право на месечен надоместок до 6.000 денари за приватно сместување или меѓуградски превоз.

Иако во образложението се тврди дека законот нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот, постојат критики дека државата постепено ја намалува својата поддршка и го префрла финансискиот товар директно врз студентите и нивните семејства.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми