Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 10 август 2026, 12:22 ч.
Специјализирана нуркачка екипа од „тигрите“ трага по исчезнат рибар кој завчера скокнал од чамец во Преспанското Езеро, и не излегол од водата.
Според информациите на МВР, завчера 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското Езеро во село Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата.
Другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1000 метри од брегот.
Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Б.Ј.(71) од Скопје, кој им кажал дека другото лице М.М.(71) од Скопје скокнал од чамецот и не излегол од водата.
Полициски службеници и екипа од специјализирана нуркачка екипа преземаат мерки за пронаоѓање на лицето
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025