Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Повеќе од 33 часа пожарникарите ги гаснеа пожарите во Битола, Новаци и Могила - по огнот останаа соголени и оцрнети падини

Објавено: 16 август 2026, 17:05 ч.

Повеќе од 33 часа пожарникарите ги гаснеа пожарите во Битола, Новаци и Могила - по огнот останаа соголени и оцрнети падини

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, со целокупниот расположлив капацитет, повеќе од 33 часа интервенираше на пожарите што на 12 август 2026 година, околу 15:30 часот, избувнаа прво во селото Маково, потоа нови пожари се појавија и во селата: Граешница, Кукуречани, м.в Ергела, Гнеотино, а најтешка беше борбата со огнот во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. Интервенцијата на противпожарните екипи траеше до 14 август, до 01:00 часот по полноќ.

Во текот на ноќта, како поддршка на битолските пожарникари, се приклучија екипи од ТППЕ Кавадарци, тимови за брз одговор од Дирекцијата за заштита и спасување со четири возила „пинцгауер“, како и жители од месното население. Пожарите во сите села се целосно изгаснати. Изгаснат е и пожарот во селото Лопатица, каде што исто така интервенираше екипа на ТППЕ Битола.

ТППЕ Битола во своето делување доби значајна помош и од ППЕ на РЕК Битола при интервенцијата во м.в Ергела и селото Гнеотино. Во селото Маково пожарот е локализиран. Сепак, на мал дел од непристапен терен, каде што има експлозивни направи од Првата светска војна, сеуште забележлив е чад.

Од ТППЕ Битола информираат дека на сите локации станува збор за подметнати пожари, кои претставуваа сериозна закана за населените места.

Општина Битола изразува голема благодарност до сите ангажирани противпожарни екипи за нивната храброст, пожртвуваност и професионалност.

Со нивното навремено и ефикасно дејствување беа спречени големи опасности за куќите и другите објекти во селата на територијата на општините Могила и Новаци.

Општина Битола и ТППЕ Битола апелираат до сите граѓани да се однесуваат совесно и одговорно и да не палат оган на отворен простор, се со цел да се спречи повторување на вакви опасни состојби.

 К.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми