Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 11 август 2026, 23:57 ч.
Фотографии: Фејсбук
Морничава слика веднаш ги активистите за заштита на животните - дива срна лежеше неподвижна, во локва крв, на коловозот меѓу општините Кичево и Демир Хисар.
Непознат возач го удрил животното и го продолжил патот, оставајќи да искрвави на овој помалку фреквентен пат познат по честата појава на дивеч.
Повиците за помош од местото на несреќата веднаш ги алармираа ветеринарите од околните градови. Благодарение на брзата реакција на хуманите луѓе и здружението „Анимал воис“, срната беше спасена од коловозот и итно транспортирана во ветеринарна клиника.
Каква е нејзината состојба во моментов?
Иако е спасена од патот, животот на срната — на која активистите ѝ го дадоа името Мартин — сè уште виси на конец. Според последните информации од здружението животото има сериозни повреди. Прегледите покажаа скршеници на вилицата и задната нога, тешка физичка траума, крвавење во белите дробови и стомачна кила.
Додека е под третман срната е под постојан надзор. Мартин ја минува ноќта во клиниката каде што прима силна терапија против болки и медикаменти за стабилизирање на виталните функции.
Доколку организмот на срната издржи и нејзината состојба се стабилизира, ветеринарниот тим уште утре наутро ќе изврши повторна проценка и ќе пристапи кон итна хируршка интервенција.
Активистите порачуваат дека нема да се откажат и ќе направат сè што е во нивна моќ за да го спасат животот на Мартин, а истовремено упатуваат апел до сите граѓани за донации и поддршка за покривање на трошоците за долгото и скапо лекување.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025