Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 17 август 2026, 09:28 ч.
Борбата со пожарот на територијата на Општина Крушево продолжува и денес.
Тимот за брз одговор – ТБО на ДПД „АРХАНГЕЛ“ – Битола повторно е на терен, рамо до рамо со пожарникарите и останатите сили вклучени во справувањето со пожарот.
По вчерашните активности, денес продолжуваме таму каде што е најпотребно – со гаснење на активните жаришта, контрола на пожарните линии и спречување на повторно разгорување и ширење на огнот, велат доброволните пожарникари.
Ова не е само борба со огнот.
Ова е борба за шумите, природата, имотот и безбедноста на луѓето.
Во вакви моменти нема „ваша“ и „наша“ општина.
Има една задача – да помогнеме таму каде што сме потребни, порачаа тие.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025