Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 14 август 2026, 09:57 ч.
Драматична ноќ поради пожарите во реонот на Могила. По 24-часа интервенција на терен, за среќа куќите во селото Лознани, помеѓу општините Могила и Прилеп се спасени. Ноќеска директорот на Дирекцијата за спасување, Стојанче Ангелов, и командирот на битолските пожарникари, Христијан Тодоровски информираа за акцијата.
„Најпрвин имавме дојава за пожар во прилепско Маково. Почнавме таму да гасиме. Потоа имаше пожар во месноста Ергела накај селото Гнеотино, за во вечерните часови да се разгори пожарот кај Лознани. Тој пожар го работиме цел ден денеска и го локализиравме дури вечерва. Имавме премногу тешка борба во Лознани во Новоселани беа загрозени куќи, успеавме да ги спасиме. Сега имаме активен пожар према селата Лопатица, Мусинци, Кутуруз и Црничани. Исто така, во текот на денот имаше и пожар кај селото Маково, од друата страна на патот“, информираше Тодоровски синоќа.
И покрај тешките услови и непристапниот терен, противпожарните екипи и мештаните успеаја да го запрат ширењето на пламените јазици кои се закануваа на првите куќи.
Дваесет доброволни пожарникари од Битола биле активирани како поддршка во справувањето со пожарот во селото Лознани.
Претходно Ангелов информираше дека пожарот кај Лознани се протега на фронт со должина од дури осум километри. Ангелов истакна дека Благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на битолските противпожарни екипи, кои дејствуваа рамо до рамо со неколку локални жители, спречени се трагични последици и поголема катастрофа.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025