Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 23 август 2026, 09:51 ч.
Уште една тешка ноќ донесоа пожарите во Прилепско. Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, каде утрово околу 4 часот силен ветер ги префрлил пламените јазици кон населеното место, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Тој посочува дека огнот брзо се спуштил кон долот и се приближил до куќите, а ситуацијата била исклучително сериозна.
„Утрово околу 4 часот, ветер како на филм ги префрли пламените јазли кон селото Бонче, Прилепско, во долот. Благодарение на храбрите пожарникари, селото беше спасено, дури јас бев песимист дека ќе успееме во таа намера“, рече Ангелов.
Тој посочи дека огнената линија била долга, а теренот тежок поради ридовите и високата вегетација.
„Селото има 50-60 куќи, по ридиштата, со висока вегетација. Побарав помош и од пожарникарите во Прилеп и Кавадарци, а од Кавадарци сега се тука“, изјави Ангелов.
Екипите остануваат на терен до нормализација на состојбата.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025