Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 3 октомври 2026, 20:59 ч.
Под контрола е ставен пожарот што избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата на Прилеп. Како што информираат од ЈП „Комуналец“, пожарот избувнал крај железничката пруга, во близина на Стопанскиот двор на Комуналец.
„Во моментов пожарот кој избувна покрај железничката пруга во близина на Стопанскиот двор на Комуналец е ставен под целосна контрола и нема никаква опасност и не може да префрли и го загрози платото за доселекција на селектираниот отпад. На терен се делува со неколку противпожарни возила од ТППЕ и вработени од Комуналец, кои делуваат со цистерни и градежна механизација, а се врши и посипување со земја. Според нашите информации пожарот е предизвикан веднаш по поминувањето на возот на релација Прилеп - Битола. Замолуваме да не се шпекулира со дезинформации и да се шири страв и паника кај населението, зашто од Стопанскиот двор во Комуналец зафатен е мал дел исклучиво покрај пругата. Пожарот веќе е ставен под целосна контрола, а за причините за настанување на пожарот ќе информираме кога ќе имаме точна и целосна информација.“-соопштија од ЈП Комуналец Прилеп.
На терен интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица од Прилеп со неколку противпожарни возила, а во гаснењето се вклучиле и вработените од ЈП „Комуналец“ со цистерни и градежна механизација.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025