Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 2 септември 2026, 18:18 ч.
Пожарот во Мариово ја зафатил и железничката линија кон Битола, поради што биле преземени безбедносни мерки за заштита на патниците и возовите, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Одговарајќи на новинарско прашање, Николоски посочи дека екипи од „Железница Транспорт“ и „Железница Инфраструктура“ учествуваат во справувањето со пожарот.
„За жал, пожарот ја опфати и железничката линија. Да се заблагодарам на тимовите од Железница Транспорт и Инфраструктура, коишто учествуваат во гаснењето на пожарите. Од безбедносни причини, точно е дека одлучивме да се заштити животот на граѓаните и, секако, да се заштитат возовите, и дека заради тоа се направи оптимизација“, изјави Николоски.
Тој додаде дека штом целосно ќе се надмине состојбата со пожарот, ќе се пристапи кон замена на оштетените прагови на пругата, со што ќе се овозможи забрзување на патувањето кон Битола.
„Веднаш ќе се оди на замена на тие прагови и ќе се забрза патувањето кон Битола“, рече Николоски.
Редакција
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025