Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Пожарот во ресенско вечерва ставен под контрола - Густ чад и натаму над ресенско, пожарот најверојатно подметнат

Објавено: 29 август 2026, 21:00 ч.

Пожарот во ресенско вечерва ставен под контрола - Густ чад и натаму над ресенско, пожарот најверојатно подметнат

Пожарот во ресенско вечерва е ставен под контрола. Од Националниот парк Пелистер информираат дека засега е запрено ширењето на огнот, а изгорени се делови од борови насади.

Пожарот што попладнево избувна во Ресенско е подметнат и постоеше опасност да се прошири кон Пелистер, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во текот на денот.

Поради опасноста од негово ширење кон Националниот парк „Пелистер“ ангажирани беа Ер-трактори и дополнителни тимови на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Ангелов посочи дека пожарот започнал покрај неколку овоштарници со јаболка, а додека пожарникарите се обидувале да го стават под контрола, се појавила подолга огнена линија на друга локација, што, според него, укажува дека пожарот е намерно подметнат.

– Денес попладне изби тежок пожар во атарот на село Макази, Општина Ресен. Пожарот започна покрај неколку овоштарници со јаболка, на најмалку две локации истовремено. Додека пожарникарите се обидувале да го стават под контрола, се појавил оган подалеку од таму, и тоа подолга огнена линија, што укажува на тоа дека овој пожар е намерно подметнат – вели Ангелов. Огнот гореше меѓу селата Бела Црква и Подмочани, каде што беа зафатени борова шума и ниска вегетација. Првичните информации беа дека пожарот се движи во правец на туристичката населба Претор.

Инаку, се уште има густ чад над поширокото подрачје на Ресен.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми