Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Прекинат сообраќајот на патот Прилеп–Битола кај Млин „Осман“

Објавено: 31 август 2026, 08:43 ч.

Прекинат сообраќајот на патот Прилеп–Битола кај Млин „Осман“

Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Битола, кај млин Осман, е во целосен прекин од 5:15 часот, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Во сила се и неколку времени режими на сообраќај поради градежни активности. Кај наплатната станица Преод, на автопатот А4, делница Миладиновци–Свети Николе–Штип, до 1 октомври ќе има изменет режим поради санација на косина.

Времен режим има на патот Гостивар–Стража, каде што се санираат мостовите „Вијадукт на Атанасова река“ и „Вијадукт на Дол“. Работи има и на мостовите на А2 над реката Вардар во близина на Желино, во двата правци, како и на скопската обиколница, на делницата од клучката Волково до клучката Кондово, каде што се рехабилитира дел од патот и е затворена левата лента за претекнување.

На автопатот А1, делница Смоквица–Гевгелија, се изведуваат активности за премин на интерконективен гасовод, поради што е поставена соодветна сигнализација за времен режим на сообраќај.

Времен режим има и на регионалниот пат Косоврасти–Мелнички Мост, каде што се санира свлечиште, додека на патниот правец Прилеп–Битола, во рамки на активностите поврзани со Коридорот 10Д, движењето се пренасочува по регионалниот пат во делот од клучката Лагово до Тополчани.

На патниот правец Кичево–Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. АМСМ апелира возачите строго да ја почитуваат поставената сигнализација и да ја приспособат брзината според условите на патот.

За движењето низ Јасен се применува времен распоред. Во правец Скопје–Македонски Брод движењето е дозволено од 7:30 до 9:00 часот, од 12:00 до 12:45 часот и од 16:00 до 18:00 часот. Во спротивниот правец, Македонски Брод–Скопје, движењето е дозволено од 6:00 до 7:00, од 10:30 до 11:00, од 13:00 до 13:45 и од 18:30 до 20:00 часот.

АМСМ информира и дека патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони. Во летниот период важат и ограничувања за движењето на тешки товарни возила. На државните патишта, до 31 август, е забрането движењето на товарни возила со вкупна маса над 15 тони во одредени термини за време на викендите, а при екстремно високи температури ограничувањето важи и во работните денови во периодот од 11 до 17 часот. За делницата Скопје–Охрид–Скопје на А2 важи посебен режим за товарни возила над 7,5 тони за време на викендитe.

 Редакција
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми