Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Рударството е меѓу најтешките професии на светот - РЕК Битола и РЕК Осломеј го одбележаа Денот на рударите

Објавено: 28 август 2026, 13:42 ч.

Рударството е меѓу најтешките професии на светот - РЕК Битола и РЕК Осломеј го одбележаа Денот на рударите

Во рамки на својата долгогодишна традиција, во РЕК Битола и во РЕК Осломеј денеска беше одбележан 28 Август, Денот на рударите. Членови на Управниот одбор на АД ЕСМ и заменик министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ ја истакнаа непроценливата улога на рударите во одржувањето на стабилноста на македонскиот енергетски систем и ипратија пораки за натамошно подобрување на условите за работа, поголема социјална сигурност и континуирано зголемување на стандардот на вработените.

„Кадрите од оваа, најтешка професија на светот, не се создаваат само со зборови – тие се создаваат со труд и посветеност“, подвлече Директорот за производство на АД ЕСМ, Зоран Коњановски, во своето обраќање до рударите во РЕК Битола. „Веќе ги гледаме позитивните сигнали во процесот на консолидација на АД ЕСМ. Новиот Колективен договор е потврда за нашата заложба за поголема социјална сигурност и подобри услови за вработените, преку директно покачување на платите уште од овој месец, како и скалест раст на примањата кој ќе надмине 10% во наредните 20 месеци. Исто така, веќе од августовската плата обезбедивме и поголемо вреднување на минатиот труд, што дополнително ќе влијае на порастот на платите. Сметам дека ова треба да го искористиме како мотив повеќе да продолжиме уште посилно, сложно и одлучно кон подобра иднина за компанијата, но и заеднички да отвориме можност за дополнително зголемување на платите и инвестициите во периодот што доаѓа“, рече Коњановски.

Заменик министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослв Лабудовиќ, во своето обраќање ја истакна неопходноста од инвестиции во рударскиот сектор. „Рударството не е само традиција и пот – тоа е сериозна индустриска гранка и темел на македонскиот енергетски систем. Оваа гранка учествува со речиси 11% во нашето индустриско производство, а над 10.000 семејства во Македонија го вадат својот леб директно од рударскиот сектор.

Затоа, ако сакаме економски силна и енергетски независна држава, мораме да инвестираме во рудниците. Ни требаат високотехнолошки развиени копови, современа и механизирана опрема, побезбедни услови за работа и најстрога контрола за заштита на животната средина и рекултивација на земјиштето“, подвлече Лабудовиќ.

Директорот на РЕК Битола, Иван Куковски, ја истакна клучната улога на рударите во производствениот процес. „Сериозниот пристап мора да ни биде примат – одговорноста на секој од нас е на прво место. Потребно е заеднички да креираме континуирано подобрување на условите за работа, но и посветено да се стремиме кон обезбедување на стабилна енергетска иднина, која најмногу зависи токму од нашите рудари“, истакна Куковски.

Според директорот на ПЕ Рудници, Златко Шиниковски, главен приоритет во наредниот период останува навремената техничко-технолошка подготвеност на механизацијата и системите за транспорт на јаглен, како и ископот на јаловина и јаглен во целосна согласност со рударските проекти.

На одбележувањето во РЕК Осломеј се обрати заменик генералниот директор на АД ЕСМ, Агим Садику.

„Финансиската консолидација на компанијата во наредниот период, ќе ни овозможи дополнително унапредување на социо-економските придобивки за сите вработени во АД ЕСМ. Како никогаш во изминатите девет години, инвестираме во ремонти, во ревитализација на техничко-технолошките процеси и во целосно запуштената опрема. Во тек се интензивни активности за ревитализација на постројките, за кои цврсто веруваме дека ќе донесат многу поголема продуктивност “, нагласи Садику.

Во честитката до рударите, директорите на РЕК Осломеј Александар Арсоски и Адил Сејдини се осврнаа на актуелните предизвици и важноста на комбинатот, особено на неговиот придонес во текот на грејната сезона.

Според Арсоски, „Осломеј“ е една од клучните алки од која зависи во кој правец ќе се движи компанијата во наредниот период.

Директорот Сејдини подвлече дека заложбите на секој поединец во колективот, неминовно ќе донесе добри резултати кои ќе помогнат кон целосната консолидација на компанијата.

Во двата рударско - енергетски комбинати беа доделени пофалници на 28 работници за особен придонес за изминатата година.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми