Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 7 септември 2026, 16:03 ч.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во вториот уписен рок кој почнува на 9 септември има слободни места за 1288 бруцоши, од нив 523 редовни, 424 студенти со партиципација во студирањето и 341 кандидат кои ќе се определат за категоријата вонредно студирање.
Најголем број студенти ќе можат да се запишат на Техничкиот факултет каде се огласени 269 места за сите насоки, а најмалку за насоките мехатроника и инженерство за заштита на животната и работната средина.
На Факултетот за информатички комуникациски технологии ФИКТ слободни се 174 места, на Педагошки факултет 190, на Факултетот за биотехнички науки слободни се 66 и на Ветеринарен факултет има 15 слободни места.
На 9, 10 и 11 септември втор уписен рок ќе се реализира и на факултетите, членки на УКЛО, лоцирани во Скопје, Кичево, Велес, Прилеп и во Охрид.
На Факултетот за безбедност во Скопје слободни се уште 66 места, на Правен факултет во Кичево 59, Технолошко-технички факултет во Велес 92, Економски факултет во Прилеп 121 и на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид може да се запишат уште 148 студенти во сите категории за студирање.
Втор уписен рок ќе биде организиран и на Високата медицинска школа во Битола каде има уште 88 места за студенти на прв циклус студии.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025